Simple crop (panoramic)

Македонја

Македонија

Работата на Patchwork Kids во Македонија е насочена кон поддршка на децата од градинката “Мали Пријатели” во Шутка и нивно понатамошно образование.

Шутка е најголемата населба со Роми во светот со околу 70.000 луѓе. Иако е дел од Скопје, Шутка е уникатна и единствена заедница. Тоа е заедница во голема потреба, каде што често недостигаат и основните услови за живот.

Обично, момчињата и девојчињата во Шутка завршуваат само осмо одделение. Многу малку од нив продолжуваат во средно училиште и понатамошно образование. Значаен број деца не посетуваат основно училиште редовно додека некои воопшто не одат на училиште. Многу од нив, наместо да одат во училиште, натерани се да просат на улиците за да заработат пари за нивните семејства.

Целта на Мали пријатели е да обезбеди средства и помош во една многу сиромашна заедница. Да им обезбеди на децата кои одат во градинката подобри можности за образование и да обезеди поддршка за децата и нивните семејства за да можат да продолжат со школувањето.

поддршка >

ако сакате да дознаете како можете да спонзорирате дете ве молиме контактирајте не

You are viewing the text version of this site.

To view the full version please install the Adobe Flash Player and ensure your web browser has JavaScript enabled.

Need help? check the requirements page.


Get Flash Player