Simple crop (panoramic)

Уганда

Уганда

Работата на Patchwork Kids во Уганда е фокусирана на поддржување на децата од селото Кикоберо.

Кикоберо е сместено во планините во близина на градот Мбале во Источна Уганда. Тоа е земјоделско село каде што луѓето постојано се соочуваат со сиромаштија и со глад и имаат малку надеж за иднината. Тоа е заборавено и оставено од владата на Уганда и многу малку помош од други места доаѓа таму.

Многу очајни родители ги оставаат своите деца или ги испраќаат да просат на улиците во околните градови. Не е необично децата да имаат улога на глава на семејството приморани да талкаат низ шумата во потрага по дрва за да го стоплат семејството ноќе.

Patchwork Kids беше во состојба да обезбеди ќебиња за ваквите деца и да обезбеди нов покрив за едно семејство. Исто така, се надеваме дека ќе и помогнеме на заедницата да отвори нова градинка во селото.

За оваа заедница, образованието е единствената одржлива надеж. За тие деца тоа е единствениот излез.

поддршка >

ако сакате да дознаете како можете да спонзорирате дете ве молиме контактирајте не

You are viewing the text version of this site.

To view the full version please install the Adobe Flash Player and ensure your web browser has JavaScript enabled.

Need help? check the requirements page.


Get Flash Player